Friday, April 3, 2020

ОДДЕЛУВАЊЕ НА ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВО СО МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ВРЕМЕТО НА ПАНДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУС
Со појавата на коронавирус , појава на пандемија во Светот и кај нас, нејзиното влијание врз здравјето на луѓето како и врз економијата одредени Влади ги интензивираат повиците од ден на ден за правилно третирање и управување со отпад вклучувајќи го тука и медицинскиот отпад, негово одделување од отпадот од домаќинствата со што би се намалиле можните секундарни влијанија врз здравјето на луѓето како и врз животната средина.
За време на вакви епидемии и пандемии во Светот па и кај нас се создаваат многу видови на дополнителен медицински отпад како што се маски, ракавици, друга заштитна опрема.Неправилното управување со овој вид на отпад како што и погоре споменав би имало далекусежни непредвидливи влијанија како врз луѓето така и врз животната средина.Затоа безбедно ракување, отстранување и управување на овој вид на отпад само би помогнало и врз здравјето на луѓето како и врз одржување на безбедна животна средина.
Насекаде можат да се забележат фрлени ракавици, маски,или пак нивно мешање со домашен отпад.
Наше мислење како Здружение ЕКОЗВОН е оделување на тој вид на медицински отпад во посебни контејнери кои би се поставувале на определени локации низ градовите и општините на град Скопје, би биле слични на контејнери наменети за складирање на стакло, лименки, значи од затворен тип, со точно назначување на контејнерот за неговата намена,и точно определена боја по која би се одделувале од останатите контејнери.За се ова граѓаните би требало навремено да бидат запознаени/известени преку различни форми на соопштенија за локациите на тие контејнери, како и времето/денови на нивното празнење.Сметаме дека на овој начин ќе се делува на свест и совест на секој граѓанин за правилно одлагање на тој вид на отпад, негово одделување од останатиот отпад од домаќинствата, со што во голема мера би се зачувала и животната средниа и здравјето на сите граѓани.

Сметаме дека ова треба да се разгледа и од страна на Општините , град Скопје и соодветно да се изнајде решение, затоа што на многу тревници, улици, тротоари паркиралишта низ градот можат да се видат фрлени маски и ракавици кои веќе биле употребени.

No comments:

Post a Comment