Monday, April 29, 2019




МОЕТО МЕСТО ВО ПРИРОДАТА- ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
22 АПРИЛ 2019 – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА


22 април е ден на планетата земја. За прв пат 22 април еодбележан во 1970 фодина во САД во присуство на 20 милиони грѓани револтирани од загадувањето на токсичниот материјал.Обединети Нации секоја година предлага мото за одбележување на тој ден со надеж дека свеста и совеста на граѓаните за создавање на здрава животна средина.
Секој ден треба да е Ден на планетата Земја.
Мото за оваа година е ЗАШТИТИ ГИ ВИДОВТЕ,
Глобалното уништување и  брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни се директно поврзани со причините предизвикани од човечката активносткако што се  климатските промени, уништувањето на шумите, загубата на живеалиштата, трговијата со луѓе и ловот, неодржливото земјоделство, загадувањето со пестицидите поради што влијанијата се далекусежни.

Ако не дејствуваме сега, исчезнувањето може да биде најдолгото наследство на човештвото. 

Сите живи суштества имаат суштинска вредност и секој игра уникатна улога во комплексната мрежа на животот. Сите заедно мора  да работиме заедно за да ги заштитиме  загрозените видови во светот но и кај нас како што се : пчели, корални гребени, слонови, жирафи, инсекти, китови, рисот, мечката, орлите, пастрмката  и многу други видови.
Биолошката разновидност претставува темел на широк спектар екосистемски услуги кои придонесуваат кон благосостојбата на луѓето“ . Ова укажува на фактот дека биолошката разновидност е подеднакво важна како за природните екосистеми, така и за оние управувани од човекот. Следствено, одлуките што ги носи човекот во врска со биолошката разновидност, меѓу другото, влијаат и на благосостојбата на човештвото. Биолошката разновидност игра клучна улога во одржување на функционалноста на екосистемите со што се обезбедуваат конкретни добра и услуги од пресудно значење за човекот.
Екосистем е систем кој ги вклучува сите живи суштества (растенија, животни и микроорганизми) кои живеат во дадена област, нивните мег усебни врски, како и врските со неживата природа (временските услови, земјата, сонцето, почвата, климата, атмосферата), а екологијата е наука која ги проучува екосистемите и биолошката разновидност.
Поради тоа потребни ни се т.н. ЗЕЛЕНИ ИДЕИ идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците), како што се на пр:
- Еедукацијата  и  подигнување на  свеста за забрзаната стапка на истребување на милиони видови и причините и последиците од оваа појава.
         - Поттикнување на  индивидуалните активности како што е усвојување на растителна исхрана и запирање на употребата на пестициди и хербициди.