Monday, September 28, 2020

 26-ти септември – светски ден на чистите планини

26 септември се одбележува скоро 20 гоинии има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот,за да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување Планините заземаат една петина од вкупната копнена површина на Земјата и значајни се за одржување на животот бидејќи обезбедуваат кислород, вода за пиење и претставуваат живеалишта за бројни растителни и животински видови.
Во РСМакедонија постојат повеќе планини, а јас ќе ги набројам планините кои се сметаат за планини , а наше е да ги заштитиме и да уживаме во нив:
Кораб (Корабски масив: Кораб со Дешат и Крчин), со највисок врв Голем Кораб (2753 м)
Шар Планина (Шарпланински масив), со највисок врв Титов Врв (2747 м).
Баба, со највисок врв Пелистер (2601 м).
Јакупица (Јакупички масив или Мокра), со највисок врв Солунска Глава (2540 м). Како дел од овој масив се Јакупица, Караџица, Даутица, Голешница и Китка. По површина е најголем планински масив во Македонија.
Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак), со највисок врв Кајмакчалан (2520 м).
Галичица (со Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток), со највисок врв Вир – 2288 м (во Албанија). На територијата на Република Македонија, највисок врв е Кота (2265 м).
Стогово (Стогово со Караорман), со највисок врв Голем Рид (2268 м).
Јабланица, со највисок врв Црн Камен (2256 м).
Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица), со највисок врв Руен (2252 м).
Кожуф, со највисок врв Зелен Брег (2165 м).
Бистра, со највисок врв Меденица (2163 м).
Сува Гора (Сува Гора со Добра Вода и Песјак), со највисок врв Добра Вода (2061 м). Според одредени карактеристики, Сува Гора може да се смета за одделна планина од Добра Вода и Песјак.
Беласица, со највисок врв Радомир (во Бугарија) од 2029 м. Во Македонија, највисок врв е Тумба (1881 м).
Илинска, Плакенска и Бигла (планински масив), со највисок врв Сталев Камен (1998 м) во делот на Плакенска.
Влаина, со највисок врв Кадиица (1932 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.
Малешевски Планини, со највисок врв Џами Тепе (1801 м). Може да се смета како дел од Малешевско-Влаински планински масив.
Бушева Планина со Баба Сач и Лубен (планински масив), со највисок врв Мусица (1788 м).
Плачковица, со највисок врв Лисец (1752 м).
Бабуна со Мукос, Козјак и Злато (планински масив) и највисок врв Козјак (1746 м).
Огражден, со највисок врв Огражден или Огражденец (1744 м).
Билино со Герман и Чупино Брдо (планински масив), со највисок врв Чупино Брдо (1703 м). Често, Герман се смета за одделна планина иако релјефно не е сосема издвоена од Билино.
Дрен или Дрен Планина, со највисок врв Ливада (1663 м).
Скопска Црна Гора (планински масив со Езерска Планина и Карадак; Црна Гора во поширок контекст) и највисок врв Рамно (1651 м).
Голак со Обозна и највисок врв Чавка (1538 м).
Буковиќ, со највисок врв Тепе (1528 м). Понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора со Добра Вода и Песјак, иако е релативно јасно издвоен како посебна целина со површина од 98 км кв.
Древеник, со највисок врв Кале (1494 м). Оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Црна Река и Шемница) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 900 м, површина од 118 км кв.
Селечка Планина, со највисок врв Висока (1471 м).
Облаковска Планина, со највисок врв Бел Камен (1430 м). Слично како и Древеник, оваа планина северно од Битола ги има сите елементи на јасно одвоена (со Шемница и Драгор) средно-висока планинска целина: релативна височина од околу 850 м, површина од 96 км кв.
Готен, со највисок врв Грамадник (1420 м).
Бејаз Тепе, со највисок врв Бејаз Тепе (1348 м). Јасно одвоена (со Брегалница и Желевица) средно-висока планинска целина, со релативна височина од 600 м, површина од 94 км кв.
Козјак (кумановски) со највисок врв Перен (1326 м). Во поширока смисла, може да се смета како дел од големиот масив на Билино (Козјак, Герман, Билино, Чупино Брдо),
Жеден, со највисок врв Голем Камен (1264 м).
Конечка Планина (Серта) со Градешка Планина и Плауш, со највисок врв Волчјак (1159 м).
Клепа, со највисок врв Клепа (1149 м).
Водно, со највисок врв Крстовар (1066 м). Според сите карактеристики (релативна височина од 800 м, површина од 100 км кв., Водно претставува планина.
Манговица, со највисок врв Асаница (874 м).
Градиштанска Планина, со највисок врв Градиште (861 м).
Руен, со највисок врв (во Македонија) Ланиште (775 м).
Богословец, со највисок врв Св. Јовански Рид (755 м).

Денес е 22 септември меѓународен ден без автомовбили.Целта на овој ден е да се разбуди свеста кај популацијата за поголема контрола во користењето на превозни средства, кои се еден од причинителите на CO2 –кој со останатите штетни материи кои се испуштаат во атмосверата ја уништуваат озонската обвивка. Луѓето не само на овој ден треба да размислуваат да користат алтернативни начини на сообраќај.

16 СЕПТЕМВРИ- ДЕН НА ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА
Озонската обвивка преставува дел од атмосферата на височина од 19 до 48км од земјината површина, иако дебелината на слојот варира со годишните времиња и географски. Според тоа каде се наоѓа озонот, тој може да го заштити или да му наштети на живиот свет. Најголем дел од озонот (над 91%) се наоѓа во озонската обвивка во стратосферата (обвивка на атмосферата меѓу 10 и 40 кm над Земјата), каде делува како штит кој ја заштитува земјината површина од штетното ултравиолетово зрачење. Со слабеењето на оваа обвивка, луѓето и живиот свет би биле поизложени на УВ зрачења кои предизвикуваат рак на кожата, катаракта и имуни заболувања.
Поради овие причини, зачувувањето на ознонската обвивка е од витално значење за нашиот живот, животот на растителниот и животинскиот свет на Земјата.
Од откривањето на проблемот до денес, човештвото превзело повеќе мерки за заштита на озонската обвивка од нејзино понатамошно уништување, како и мерки со кои ќе се поправи веќе направената штета, но тоа само не упатува на поголема работа на тоа поле сите, секој ден, насекаде, а не само за денот на заштита на озонската обвивка да се присетуваме и тогаш за тоа поинтензивно да зборуваме.






Monday, September 21, 2020

 

АНКЕТА И АНАЛИЗА НА СЕГАШНАТА СОСТОЈБА,

 СОСТОЈБА СО УПОТРЕБА НА ПЛАТНЕНИ ТОРБИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

 

После спроведениот Проект НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во 2019 год. во три Основни училишта во Општината, и продолжување на Проектот во 2020 година извршивме Анкета на 100 испитаника на територија на Општината во близина на местата каде и се наоѓаат училиштата во кои беше реализиран Проектот- Хиподром и Триангла. Анкетата е направена на 17.04.2020 година

Резултатите се следниве:

  1. Од 100 испитаника 49% се изјасниле дека секогаш користат платнени торби при пазарењето , ги носат со себе, поекономични се попрактични и подолго траат.
  2. Од 100 испитаника 44% се изјасниле дека дека користат пластични кеси кои ги даваат маркетите/продавниците каде купуваат, а дури некои од испитаниците кажаа дека носат стари кеси при пазарењето.
  3. 7% од испитаниците беа со велосипеди и нивниот став беше дека сите имаат корпи на велосипедите за што и се уверивме при самата анкета, и рекоа дека во нив ги ставаат продуктите кои ги купуваат.На нашето прашање што прават кога купените продукти неможат да ги стават во корпите од велосипеди мислењата беа различни. Некои од нив рекоа дека бараат кеси од продавниците каде пазарат, а некои од нив рекоа дека носат платнени торби.

 

 


ЗАКЛУЧОК:

 

Иако за 5% е поголем бројот на испитаници кои користат платнени торби за пазарење сепак %( процентот)  не е доволно голем за да кажеме дека свеста на населението е доволно развиена за да ја знае штетноста од употребата на пластичните кеси.

Тоа ни дава за право да продолжиме и понатаму со едукација пред се кај најмладата возрасна група во Основните училишта кои понатаму ќе ја споделат позитивноста од употреба на платнени торби и исфрлање од употреба на пластични кеси.Преку овие едукативни работилници учениците позитивно ќе влијаат  кај своите родители, наставници, соученици, со што и бенефитот е постигнат, поголема употреба на платнени торби и исфрлање на пластични кеси кои и ја загадуваат животната средина.