Saturday, February 22, 2020

Организациите ИБПЕ Скопје и КНбГ Косово организираа изложба која е дел од проектот „Иницијатива за прекугранична културна размена (МАКСФОРУМ)“ 2017/ 395-188.
Настанот, се одржа на 21 февруари, петок, на локацијата Културен Центар „Димитар Влахов“ во
Автокоманда, адреса во Скопје, со почеток во 10:45
часот.
Изложбата претставува одлична можност да се дознае повеќе за потенцијалот на културното наследство на трите партнерски општини во Северна Македонија и да се почувствува ефектот на воспоставување поволни услови за социјална кохезија,соработка и културна размена помеѓу претставниците на институциите и граѓанските организации од Косово и од Северна Македонија.
Изложбата е дел од проектот МАКС ФОРУМ, финансиран од Европска Унија,претставена преку Канцеларијата на Европска Унија во Косово.
ЕКОЗВОН со своите членови активно учествуваше низ целиот тек на Проектот.