Sunday, February 27, 2022

 26 јануари – Светски ден на образованието за заштита на животната средина,

Република Македонија, со своите природни карактеристики и ресурси, нуди можности за квалитетен живот на граѓаните. Содржи богата гео-морфолошка и биолошка разновидност, доволно вода за пиење, прекрасни езера и речни сливови. Ова е значаен потенцијал за денешните и идни генерации. Но, за жал, желбата за брз профит, непочитувањето на законодавството, непостоењето соодветен институционален и кадровски капацитет доведе до енормно загадување на воздухот, почвата и водата и нарушување на природните живеалишта. Поразувачки е фактот што Република Македонија во 21. век има проблеми на животната средина, карактеристични за земјите од третиот свет

 

14. февруари – Светски ден за зачувување на енергијата
Да почнеме со некои основи на самата физика и да се потсетиме. Што е енергија? Општата дефиниција нека биде: Енергијата е способност за работа. Додека го пишувам овој текст, јас трошам енергија и работам. Сите ја имаме таа способност. Но, денешната тема е повеќе за заштеда на енергија и зачувување на енергетски ресурси, така, исто како што сите имаме можност да трошиме енергија, имаме и можност да ја зачуваме.
Енергијата е важен сегмент во нашето секојдневие.
Да го разгледаме еколошкиот аспект на енергијата. Изворите на енергија можат да бидат обновливи или необновливи.
До пред само неколку години се сметаше дека е невозможно без фосилни горива и необновливи извори на енергија. Сепак, полека, но сигурно, денес се добиваат алтернативни извори на енергија и гориво. Решението е нашите основни извори да бидат овие обновливи или алтернативни, бидејќи залихите на фосилни горива рапидно се намалуваат и исто така се многу штетни за сите сфери на животната средина.
Заштедувајќи енергија, ние нема да ги ограничиме нашите потреби, туку само ќе ги промениме нашите навики и ќе заштедиме пари и што е најважно, ќе придонесеме за зачувување на енергетските ресурси, и животната средина.