Friday, August 14, 2020

12 август е Меѓународниот ден на младите . Првиот ваков ден е одбележан во 2000 година. Денот има за цел да го сврти вниманието на проблемите, културните и правните проблеми на младите, студентите со што би се свртело вниманието кон младите и потребите кои ги имаат преку разговори, работилници, концерти и сл.

За да има еден посебен Ден на младите во 1998 година беше одржана Светската конференција на министри за млади, одржана од 8 до 12 август 1998 година во Лисабон, кои дадоа препорака до Генералното собрание на Обединетите нации, а во 2000 год. за прв пат имаше одбележување на овој ден.
Во овие услови на Ковид-19 можеби треба да се разговара околу учебната година која е пред нас.
Дадени се протоколи и за училишта и за Ученички домови, но колку се тие применливи, дали ќе се контролираат континуирано,училиштата и ученичките домови- дали тие протоколи континуирано се спроведуваат, пропусти несмее да има.
Многу прашања и дилеми за кои треба многу трпение, заложби на сите работа, напор но се во интерес на здравјето на младите , наставниците, родителите и сите инволвирани во овој процес.
Во контекст на тоа испративме наши предлози како сугестија за Ученичките домови и сместувањето на учениците во нив.
Ова е дел од нашиот меил испратен до МОН:

Иако протоколите јасно се дадени сметам дека поради несоодветните просторните услови на домовите нема да биде возможно да се спроведат.

Освен тоа постојат и работи кои се реални а кои се многу важни за спроведување на протоколите во услови на ковид- 19.

Бидејќи собите се со мала квадратура , а во некои од нив има и кревети на спрат прво што треба да се направи е да се намали бројот на учениците ако веќе се примени во Домовите за половина. Тоа ќе овозможи да само по 2 или 3 ученика бидат во соба, меѓу кои би се поставиле бариери, посебно кога се однесува за спиењето.

Имаме предлог да во собите бидат сместени ученици од ист град што е многу добро за следење на ситуацијата во Домот, без разлика од која година се,и сите ученици од еден град да се во група на ист воспитувач.Тоа ќе даде поголема прегледност на групата,соработката со учениците,со родителите.

Поради зачестено одржување на хигиената во сите простории МОН треба да размисли за ангажирање на дополнителен број на вработени , макар со договор на дело.

Во читалните, кујната да има два влеза, од едниот да влегуваат учениците, а од другиот да излегуваат , и на двата влеза да има средства за дезинфекција на раце.

Да нема групирање  и на работници во административен дел повеќе од двајца, како и на Воспитувачи.

Пред да започне училишната година и сместувањето на учениците во Домовите да се направи Инспекција на сите Домови, према Протоколите клои се пропишани, и во слуучај да не се испочитувани да се забрани сместувањето на учениците во тие Ученички Домови се до моментот кога ќе се утврди дека тоа е целосно испочитувано.

Во кујните да се провери дали има доволно прибор за јадење за да не се доведе во ситуацвија да учениците кои подоцна ја користат кујната останат без чист и санитарно исправен прибор за јадење,

Кога временските услови тоа го дозволуваат разговорот на Воспитувачите и учениците да се одвива на отворено, со дозволено растојание помеѓу сите нив, како и задолжителна употреба на маски.