Sunday, October 2, 2022

 

ОКТОМВРИ

04.10- СВЕТСКИ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
15.10 - ДЕН НА ЧИСТИ РАЦЕ
16.10 -ДЕН НА ЗДРАВА ХРАНА
18.10- ДЕН НА ПЕШАЧЕЊЕ
24.10- ДЕН НА ООН


 Денеска е 22септември - ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ.

Дај да го искористиме денот во прошетки, после работното време, со велосипеди, тротинети и се што не е автомобил, за нас и нашата животна средина.




 Денес 19.09.2022





ЕКОЗВОН,Скопје започна со проектот Знаете ли колку е штетен е-отпад подржан од Општината Гази Баба.

Првото училиште во кое го реализираме проектот е Стив Наумов,Скопје.
Целта ни е да учениците од најмала возраст изградат култура за правилно одлагање ЕЕ- отпад.

 до Влада на РСМ дадовме како Здружение иницијатива за поголема застапеност на буцавата како еколошки проблем, на 30.09.2022

 на 24.09 2022 година ЕКОЗВОН учествуваше на саем на НВО









Sunday, March 20, 2022

 21март ден на пролетта- денови на екологијата








 Од аспект на мерливоста: зелено работно место е она работно место кај кое работата/вложениот труд е од суштинско значење за обезбедување производи или услуги со кои се подобрува енергетската ефикасност, се проширува употребата на обновливи извори на енергија, или се одржува квалитетот на животната средина.

Зеленото работно место вклучува работа во „зелени“ економски активности односно категории:
– работа со обновливи извори на енергија и алтернативни горива;
– енергетска ефикасност и конзервација;
– мерки против загадувањето, отпадот и управување, спречување и намалување на стакленичките гасови;
– расчистување и санација на загадената животна средина;
– одржливо земјоделство и конзервација на природните ресурси;
– образование, регулација, подигање на јавната свест и обука за енергетско тргување.
Во чест на 21 март Ден на пролетта- ден на екологијата
22 март Светски ден на заштита на водите
23 март Светски ден на метеорологијата




Sunday, February 27, 2022

 26 јануари – Светски ден на образованието за заштита на животната средина,

Република Македонија, со своите природни карактеристики и ресурси, нуди можности за квалитетен живот на граѓаните. Содржи богата гео-морфолошка и биолошка разновидност, доволно вода за пиење, прекрасни езера и речни сливови. Ова е значаен потенцијал за денешните и идни генерации. Но, за жал, желбата за брз профит, непочитувањето на законодавството, непостоењето соодветен институционален и кадровски капацитет доведе до енормно загадување на воздухот, почвата и водата и нарушување на природните живеалишта. Поразувачки е фактот што Република Македонија во 21. век има проблеми на животната средина, карактеристични за земјите од третиот свет

 

14. февруари – Светски ден за зачувување на енергијата
Да почнеме со некои основи на самата физика и да се потсетиме. Што е енергија? Општата дефиниција нека биде: Енергијата е способност за работа. Додека го пишувам овој текст, јас трошам енергија и работам. Сите ја имаме таа способност. Но, денешната тема е повеќе за заштеда на енергија и зачувување на енергетски ресурси, така, исто како што сите имаме можност да трошиме енергија, имаме и можност да ја зачуваме.
Енергијата е важен сегмент во нашето секојдневие.
Да го разгледаме еколошкиот аспект на енергијата. Изворите на енергија можат да бидат обновливи или необновливи.
До пред само неколку години се сметаше дека е невозможно без фосилни горива и необновливи извори на енергија. Сепак, полека, но сигурно, денес се добиваат алтернативни извори на енергија и гориво. Решението е нашите основни извори да бидат овие обновливи или алтернативни, бидејќи залихите на фосилни горива рапидно се намалуваат и исто така се многу штетни за сите сфери на животната средина.
Заштедувајќи енергија, ние нема да ги ограничиме нашите потреби, туку само ќе ги промениме нашите навики и ќе заштедиме пари и што е најважно, ќе придонесеме за зачувување на енергетските ресурси, и животната средина.