Saturday, March 27, 2021

 За 2021/22 година донесена е нова програма за работа на Здружението, усвоен е извештајот за работата на Здруженињето за 2020 година и усвоена е Завршната сметка за 2020 година.

Поради пандемијата сето тоа беше направено, преку меил со изјаснување на сите членови на Здружението.




беа одбележани еколошки дати
1. ден на пролета- ден на екологијата
2. час на планетата земја




 


И оваа година во рамките на Проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ имавме предавања во ОУ Његош, Колонија Идризово на 04.03 2021, во Булачани на 03.03.2021 год и во ОУ Стив Наумов на 05.03.2021 година.

На учениците им се укажа на штетноста од употребата на пластични кеси за нашата животна средина.На учениците, наставниците, педагог, психолог, Директор на училиштата им се поделија платнени торби со цел за нивна понатамошна употреба и замена за пластичните кеси.

Проектот е подржан од Општината Гази Баба, а наш партнер МТМ телевизија ги следи сите наши активности.Остануваат уште училиштата Крсте Мисирков и 25 Мај и на тој начин со овој проект се опфатени сите 11 основни училишта во општината.