Sunday, March 20, 2022

 21март ден на пролетта- денови на екологијата








 Од аспект на мерливоста: зелено работно место е она работно место кај кое работата/вложениот труд е од суштинско значење за обезбедување производи или услуги со кои се подобрува енергетската ефикасност, се проширува употребата на обновливи извори на енергија, или се одржува квалитетот на животната средина.

Зеленото работно место вклучува работа во „зелени“ економски активности односно категории:
– работа со обновливи извори на енергија и алтернативни горива;
– енергетска ефикасност и конзервација;
– мерки против загадувањето, отпадот и управување, спречување и намалување на стакленичките гасови;
– расчистување и санација на загадената животна средина;
– одржливо земјоделство и конзервација на природните ресурси;
– образование, регулација, подигање на јавната свест и обука за енергетско тргување.
Во чест на 21 март Ден на пролетта- ден на екологијата
22 март Светски ден на заштита на водите
23 март Светски ден на метеорологијата