Sunday, December 22, 2019



ЕКОЗВОН НА СИТЕ ИМ ПОЖЕЛУВА
СРЕЌНА И ВЕСЕЛА 2020 ГОДИНА СО УСПЕСИ И НА ПРОФЕСИОНАЛЕН И НА ПРИВАТЕН ПЛАН.

Saturday, December 14, 2019


На 12, 13.12. 2019 год. се одржа работилница „Попис и политика на населението„во организација на МППС- македонска платформа против сиромаштијата на кој се зборуваше и дискутираше за пописот н населението како најголема статистичка операција.
На работилницата учествуваше и ЕКОЗВОН, Скопје





Треттата едукативна работилница од проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ Здружението ЕКОЗВОН со подршка на Општината Гази Баба ја  одржа во ОУ Вера Јоциќ. Присуствуваа ученици, родители од Советот на родители, наставници, Директорот, преставници од стручните служби на училиштето.










Tuesday, November 26, 2019




ТРКАЛЕЗНА МАСА:
УРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕНИЧКИ СТАНДАРД
Сместување, исхрана и надлежности во ученички дом

Здружение на граѓани за заштита на животната средина ЕКОЗВОН, Скопје, со поддршка на НДИ,  на 20.11. 2019 год (среда) во 11:00 часот во хотел Холидеј Ин, Скопје организираше Тркалезна маса на тема: Уредување на Законот за ученички стандард: Сместување, исхрана и надлежности во ученички дом.
На Тркалезната маса покрај членовите на ЕКОЗВОН и НДИ, беа присутни преставници од Ученичките домови од Скопје, Битола, Охрид и Гостивар, преставници од Секторот за Ученички стандард од МОН, Преставници од Сектор Образование на град Скопје, невладини организации, подржувачи на работата на ЕКОЗВОН, Скопје.
Целта на настанот беше да се иницираа дебата помеѓу сите засегнати страни на едно место, преставници од МОН, преставници од Секторот образование на град Скопје, директори, правни лица од Ученичките домови, невладин сектор,  за Уредувањето на Законот за Ученички стандард и да се донесат заклучоци кои само ќе ја дополнат понатамошната активност на работата на Здружението ЕКОЗВОН, Скопје ворамките на програмата за законодавно застапување 2018- 2020 год кое го спроведува НДИ.







Втората средба за ПроектотНЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ се одржа во ООУ„ Н Н Борче„ на 19.11.2019 год.
Присуствуваа 20 ученика, директор, наставник по биологија, педагог, психолог, родител од Совет на родители.








Monday, November 18, 2019




Обука за пишување на проектна апликација - од проектна идеја до успешна проектна апликација [12-13 ноември 2019]
  • Анализа на повик (аналитички пристап во читањето на повикот, каде може да се најде повикот; анализа на капацитети на организација за подготовка и имплементација на проект во согласност со целите и очекуваните резултати); 
  • Анализа на контекст (анализа на целните групи и проблеми преку идентификација на потребите како и анализа на целите и подготовка на стратешки пристап во адресирањето на истите);
  • Како до разбирливи и соодветни цели на проектот (логичка рамка: дефинирање на цели, резултати, активности, индикатори, средства за верификација како и претпоставки и ризици);
  • Креативност и иновативност во пишувањето на прелог проект, вклучувајќи трикови и совети за пишување на предлог проекти;
  • Разумно планирање на буџет (правила за подготовка на буџет, ставки и употреба на ПРАГ).
Време и место: 12-13 ноември 2019, Штип
Резултат со слика за ресурен центар



Проект: НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Стајковци, Гази Баба започна со активности на 14.11.2019 год.


                                                                                 
                                                          
                                          Поддржано од
                     
                               Општина Гази Баба


                            






Tuesday, October 29, 2019

Обука за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво [28-29 октомври 2019]
  • Децентрализација, организација на локалната самоуправа, локална политика и одговорност на локалната самоуправа спрема граѓаните;
  • Разбирање на процесите на донесување одлуки;
  • Механизми и методологии за ефективно учество на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво (вклучувајќи практични примери и успешни приказни);
  • Улогата на ГО во процесите на донесување одлуки и видови на соработка меѓу ГО и локалната самоуправа;
  • Застапување и лобирање на локално ниво;
Време и место: 28-29 октомври 2019, Скопје
Обучувачи: Заге Филипоски


Monday, October 21, 2019






Ден посветен на демократската клима во училиштето, ден за паметење во ООУ „Кирил и Методиј“,Стајковци.
Настан на кој можеше да се размени мислење со колеги, колешки, преставници од Општина , Градоначелникот на Општина Гази Баба, БРО, за да продолжиш понатаму за подобри нешта во образовниот процес..
Моментот беше добар и за разговори со Директорката на ОУ во Стајковци, со Директорката на ОУ ННБорче и Директорот на ОУ Вера Јоциќ, за  отпочнување на еден убав проект НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ, предложен од ЕКОЗВОН, а подржано од  Општина Гази баба, Скопје, за поголема еколошка свест и совест од најрана возраст.



Friday, September 27, 2019

Националниот демократски институт од 23 до 27 септември организираше  Недела на женски права и родова еднаквост. Оваа недела се состоеше од серија активности со цел унапредување на родовата еднаквост, но и да се поттикнат дискусиите, и да се дефинираат решенијата на проблемите со кои се соочуваат жените во секојдневниот живот. 
Ние како ЕКОЗВОН учествувавме на повеќето настани како и на денешниот во Собрание на РСМ каде и дадовме предлог иницијатива да не се разговара само за насилства на мажите над жените, туку и жените врз жените на што се надоврза и Проф. д-р Ѓулумсер Касапи Претседателка на Клуб на пратенички која потенцираше дека постои и треба да се разговара и за насилство на жените врз мажите.
Убава недела убави настани, плодни дискусии, многу предлози кои треба и да се спроведат.







Конференција за изборни реформи: Перспективите на македонските избори, во организација на ЦИВИЛ на 24.09.2019 год.

Tuesday, September 24, 2019


Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации
Образец за пријава на иницијативи


Почитувани претставници на граѓанските организации,

Ви благодариме за интересот за пријава на иницијатива во рамки на шестиот од серијата „Отворените денови за иницијативи на граѓанските организации“ насловен: „Програма за намалување на аерозагадувањето 2020, кој ќе се одржи на 18.09.2019 година, со почеток во 13.00 часот, Влада на РСМ.

Ве замолуваме, пред пополнување на овој образец за пријава, внимателно да го прочитате Упатството за поднесување на иницијативи и брифот со тековни младински политики и проекти

Назив на вашата организација: Здружение на граѓани за заштита на животна средина ЕКОЗВОН, Скопје
Адреса (улица, број, општина):Карл Либкнехт 64, Скопје

Електронска пошта (e-mail):ekozvonce@yahoo.com

Телефонски број:070268889

Лице за контакт (име и презиме, телефон и е-пошта):Слаѓана Стаменкова,070268889
Slagana_stamenkova@yahoo.com

Веб страница на вашата организација:blog- www.ekozvonce.blogspot.com

Наслов на вашата иницијатива:Секој има право за здрава животна средина.

Проблеми и потреби:
(Идентификувајте проблем поврзан со на програмата за борба против аерозагадување и образложете го. Максимум еден параграф)
Член 43од Уставот на РСМ вели:
        Секој човек има право на здрава животна средина.
        Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
        Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
Аерозагадувањето е најголемиот причинител на предвремена смртност и зголемен број на заболувања кај луѓето. Тоа е најголемиот ризик од областа на животната средина по здравјето на граѓаните во Европа, каде според податоците на ЕЕА и СЗО е причинител на околу 400,000 прерано изгубени животи. Република Македонија за жал, според најновиот извештај на Европската агенција за животна средина за аерозагадувањето во Европа е најлошо рангирана меѓу сите Европски држави, со најзагаден воздух во градовите. Скопје, Битола и Тетово се меѓу 10-те најзагадени градови во Европа во 2017 година. Според најновите анализи на Светската Здравствена Организација (СЗО), аерозагадувањето е главниот причинител 1Квалитетот на животната средина во Република Македонија – Годишен извештај за 2017 година, Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија 2 на над 1300 смртни случаи годишно, и зголемен број на лица со респираторни заболувања.
Објаснување на иницијативата:
(Објаснете ја вашата иницијатива, поврзана со програмата, односно што е она кое вие го предлагате со оваа иницијатива и наведете ја надлежната институција која треба да ја спроведе. Максимум два параграфи.)
Емисијата на загадувачки супстанци во воздухот потекнува од скоро сите економски и социјални човекови активности: сообраќајот, индустријата, согорувачките и енергетските постројки, домаќинствата, градежните активности, депониите (особено дивите) за отпад и земјоделските активности. Согорувањето на биомаса од страна на домаќинствата, односно горењето на цврсти горива како дрвото и јагленот, е значаен извор на директно емитирани цврсти честички и полициклични ароматични јаглеводороди  кои спаѓаат во класата на канцерогени супстанци.
Ние какоЗдужение ЕКОЗВОН предлагаме повеќе активности кои можеби биле или ќе бидат предложени и од други НВО организации , граѓани , но сметаме дека ако нешто постојано се повторува не е спроведено како што треба или треба методите да се изменат за да се дојде до посакуваната цел.
Тие мерки се:
·         Подобрување на капацитетот на инспектори по општините- човечки ресурси-Стрикно зборувам за Општината Гази Баба како една од поголемите општини во град Скопје, каде инспекторите би требало да работат во две смени, да има дежурни служби и во сабота и во недела бидејќи најголемите палења на гуми, пластика,  и останат материјал се случува баш тогаш, испуштањето на непријатни миризби од мали средни и големи индустриски постојки кои ги има во Општината се случуваат сабота и недела.
·         Зачестени и ненајавени контроли и проверки на сите кои поседуваат  А и Б еколошки дозволи.
·         Пренасочување на тешки товарни возила од ул. Благоја Стевковски, Паро Наков кон обиколницата, или ако е потребно нивно присуство тогаш да се направи режим на движење кои денови и од колку до колку часот можат тоа да го направат а во спротивно да се пишуваат казни.
·         Изградба на велосипедски патеки во Маџари, Ченто и Хиподром и нивно поврзување со велосипедските патеки во Автокоманда.
·         Чистење на дивите депонии долж патот Пријателство, веднаш до оградата на ОУ НН Борче, каде има градежен шут, кабаст отпад и комунален отпад кој не е собран со месеци бидејќи  се префрлуваат надлежностите, а непријатната глетка и миризба се  шири и кон училиштето и кон тротоарите каде поминува населението.
·         Да се забрза пренасочување на греењето т.е.замена на нечисти горива мазут, дрва за затоплување на училишта, градинки, болници- употреба на гас, топлински пумпи.
·         Бидејќи се наоѓа и автопазар на ул. Благоја Стевковски да се контролираат увезените возила и општо да се ажурираат дозволените граници за увоз на половни возила т.е. да се намалува границата.
·         Одржување и унапредување на урбаното зеленило, негово постојано одржување .
·         Бидејќи има доста станици за технички преглед во општината а тоа се однесува и за сите други делови во Скопје да се прави контрола на издувните гасови на возилата при технички преглед и воведување на казни за сите оние кои немаат катализатори во возилата.
·         Едукација, Министерството за животна средина треба да направи напор т.е. да влијае кај своите колеги од МОН за воведување на посебен предмет ЕКОЛОГИЈАсо 1 час неделно и 36 часа годишно од основно образовабие па понатаму.

Цели и очекувани резултати:
 (Oбјаснете кои се целите што ќе се постигнат доколку се спроведе предложената иницијатива. Објаснете кои се посакуваните или очекуваните ефекти, односно што ќе се промени доколку се спроведе предложената иницијатива. Максимум еден параграф.)
Со комбинација на мерките и поврзаноста на сите структури кои учествуваат во спроведувањето на мерките ќе се дојде до посакуваното решение, намалување на аерозагадувањето во Скопје

Проценка на финансиски импликации и временска рамка:
 (Наведете, јавни финансиски импликации за реализација на предложената иницијатива, т.е. проценка колку буџетски средства би биле потребни за да се спроведе Вашиот предлог. Претставете ја временската рамка на спроведување на иницијативата.)
Треба да се изработи акциски план во кој за секоја мерка која ќе се спроведува ќе има временска рамка и финансиски трошоци.

Начелен план за мониторинг и евалуација:
(Објаснете како планирате да го следите и оцените спроведувањето на вашата иницијатива. Максимум еден параграф.)
Следењето е преку анализи од направениот акциски план во мониторин треба да се вклучени и НВО здруженија и со заеднички напори да се дојде до посакуваното решение, намалување на аерозагадувањето во Скопје.

Допонително образложување на иницијативата кое не е опфатено со претходните прашања:
(Максимум 5 параграфи)

Прилози (опционално):
(Прикачете подетални информации за предметот, целите и позадината на предложената иницијатива, студии и анализи што ги сметате за релевантни, итн)

Tuesday, September 17, 2019

Денес присуствував на еден настан во Град Скопје и подолу се делови од состанокот.
На денешната отворена трибина на тема „Градот Скопје за подобра мобилност“ беше претставен новиот План за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 кој треба да биде усвоен за два дена, на претстојната седница на Советот на Град Скопје. Пред присутните граѓани, експерти од областа на животната средина и сообраќајот и пред претставниците на невладините организации беа претставени и активностите на Град Скопје за зголемување на безбедноста во сообраќајот, подготовката на проектот за рехабилитација на централното градско подрачје и зголемување на пешачката зона и проектите за заштита на пешаците со дополнително осветлување на пешачките премини и поставување копчиња на семафорите. Оваа трибина беше дел од активностите на вториот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните начини на движење во градовите.

По реконструкцијата што е во тек, ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки и на улицата Благоја Стефковски. На булеварот АСНОМ кој го прошируваме во првата фаза, а потоа со мост преку Вардар ќе ги поврзува Аеродром, Центар и Гази Баба, исто така, е предвидено да има велосипедски и пешачки патеки од двете страни на коловозот

ПА СЕГА МАЛКУ ДА СЕ ИСПОФАЛИМЕ ЗНАЧИ НАШИОТ ПРЕДЛОГ ВРОДИЛ СО ПЛОД.МОЖЕБИ ИМАЛЕ ПРЕДВИД НО СЕ ПОКЛОПИЈА КОЦКИТЕ, НИЕ БАРАЊЕТО ЗА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ГО ИСПРАТИВМЕ НА 27.08, А РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ПОЧНА МИНАТАТА НЕДЕЛА.

Sunday, September 15, 2019

Европската недела на мобилност 2019
Оваа година „Европската недела на мобилност“ (ЕНМ) се организира на тема „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.

ЕКОЗВОН иницијатива по повод Европската недела на мобилност поднесе иницијатива за изградба на велосипедски патеки низ населените места Маџари, Хиподром , Ченто и нивно поврзување со велосипедските патеки во Автокоманда до Градоначелникот на Град Скопје , Сектор комунални дејности, Сектор сообраќај и Сектор за животна средина на град Скопје..
Се надеваме на задоволство на граѓаните од споменатите населени места нашата иницијатива ќе ја сватат озбилно од град Скопје и секторите кои се споменати и ќе ја изградат во најбрз временски период,
Оваа иницијатива е реална, остварлива и во духот на заложбите за здрава животна средина за сите, и почист воздух во Општина Гази Баба.
Од град Скопје ни беше одговорено дека внимателно го разгледале нашето барање и дека изградбата на велосипедските патеки ќе продолжи и оваа и наредната година согласно сите стандарди за безбедносен велосипедски сообраќај во градот.

Цивика мобилитас на 14.09,2019 год.го организираше фестивалот „Ден на граѓанските организации“. Над 80 oрганизации од земјава се собераа на едно место каде се изгради привремена населба и беа чекор поблиску до самите граѓани.
Програмата изобилуваше со разновидни активности кои ги задоволија сите возрасти и интереси, а истата беше подготвена од страна на самите граѓански организации. На платото на плоштадот Скендербег покрај останатото ЕКОЗВОН подготви неформална, еко работилницата за озонската обвивка, во чест на 16 септември Меѓународен ден на заштита на озонската обвивка.
Имаше доста посетители кои на својот мајчин јазик- македонски, албански, српски, англиски, француски, пишуваа пораки за заштита на животната средина.
пишувањето порака за заштита на животната средина го направи и Амбасадорката на Швајцарија која исто така го посети штандот.
Се дружевме, разменувавме искустваматеријали, се договаравме за средби, заеднички активности.
Убав настан кој почесто траба да се организира, а посетителите разгледуваа, прашуваа и разговараа со сите нас, а и ни споделуваа свои мислења.