Thursday, June 3, 2021

 5 јуни, е СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право

Утре на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на животната средина.
Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“, се пропишува во Уставот на РСМ.
Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.
„Светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина. Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата“, велат Обединетите нации, од каде што посочуваат дека на глобален план, бројни меѓународни конвенции, декларации, протоколи се однесуваат на животната средина.
сите ние сме еднакво одговорни во зачувувањето на природата и зависиме од тоа.
Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија.