Tuesday, November 30, 2021

 1-ви Декември, Светски ден на борба против Сидата!

Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.
Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции
Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА.
Светскиот ден на СИДА-та, 1 декември, ги собира луѓето од целиот свет за да ја подигнат свеста за ХИВ/СИДА,



 Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување сл. Весник 215/2021 започнувајќи од 01.12.2021 задолжителната такса за користење на биоразградливи ќеси за еднократна употреба изнесува 15 денари. Соодветната сума од продажбата на овој поризвод согласно Законот, ќе се уплаќа на Фондот за заштита на животната средина.

ЕКОЗВОН го спроведуваше Проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во сите Основни училишта на територија на Општина Гази Баба и се надеваме дека најмладите ќе дадат пример за користење на повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси со цел заеднички да придонесеме до почиста животна средина,





Friday, November 26, 2021

 На денешен ден пред 4 години се формира ЕКОЗВОН.

Честито да е и многу убави моменти какви имавме досега да ги имаме и понатаму, пред се борба за чиста животна средина.

25.11.2021