Monday, December 20, 2021

 

Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени

 

Поддршка на активности на ГО кои се насочени кон:

-          унапредување на политиките, правната рамка за животна средина и климатска акција, заштита на животната средина од загадување, заштита на природата и одржливо користење на природните ресурси, намалување на климатските промени, вложување во зелена економија и креирање на зелени работни места.


Почитувани,
Во делот заштита на животна средина напишани се општи работи  кои ќе имаат приоритет, но според мислењето на ЕКОЗВОН, Скопје никаде не се споменува БУЧАВАТА како еколошки проблем.
Сметаме дека треба и бучавата да се вметне во приоритетите во делот за животна средина, начините на мерење на бучавата, заштита од неа, едукација по тој проблем, кампањи и слично.

Со почит,
Тимот на ЕКОЗВОН Скопје

Слаѓана Стаменкова
070268889
дадовме мислење за ПЛАНИРАЊЕ НА ОБЛАСТИ И СПЕЦИФИЧНИТЕ ПРИОРИТЕТИ

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ

ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2022 ГОДИНА


Tuesday, November 30, 2021

 1-ви Декември, Светски ден на борба против Сидата!

Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.
Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции
Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА.
Светскиот ден на СИДА-та, 1 декември, ги собира луѓето од целиот свет за да ја подигнат свеста за ХИВ/СИДА,



 Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување сл. Весник 215/2021 започнувајќи од 01.12.2021 задолжителната такса за користење на биоразградливи ќеси за еднократна употреба изнесува 15 денари. Соодветната сума од продажбата на овој поризвод согласно Законот, ќе се уплаќа на Фондот за заштита на животната средина.

ЕКОЗВОН го спроведуваше Проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во сите Основни училишта на територија на Општина Гази Баба и се надеваме дека најмладите ќе дадат пример за користење на повеќенаменски торби за пазарење или хартиени ќеси со цел заеднички да придонесеме до почиста животна средина,





Friday, November 26, 2021

 На денешен ден пред 4 години се формира ЕКОЗВОН.

Честито да е и многу убави моменти какви имавме досега да ги имаме и понатаму, пред се борба за чиста животна средина.

25.11.2021



Thursday, June 3, 2021

 5 јуни, е СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право

Утре на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на животната средина.
Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“, се пропишува во Уставот на РСМ.
Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.
„Светскиот ден на животната средина е најзначајниот ден за поттикнување на глобалната свест за заштита на животната средина. Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата“, велат Обединетите нации, од каде што посочуваат дека на глобален план, бројни меѓународни конвенции, декларации, протоколи се однесуваат на животната средина.
сите ние сме еднакво одговорни во зачувувањето на природата и зависиме од тоа.
Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија.

Thursday, May 13, 2021






 



екологија на дело 13.05.2021
нашата иницијатива до Општината и Влада за чистење и уредување на просторот до ОУ ННБорче се реализира.
Ќе испратиме дополнително Барање за на тој простор да се стават клупи, корпи за отпадоци, може и парк за миленици и до Општината и до Град Скопје

Wednesday, April 21, 2021

 



22.април-ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22.април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференција та на Ообединетите нации за шивотна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22. Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на шивотната средина и да доведат допромена на еколошката свест.

Зголемувањето на бројот на населението на Земјата и забрзаната индустијализација доведуваат до загадување на воздухот, почвата и водата. Последите стотина години планетата земја доживува поголемо загадување од милиони години наназад. Неодговорното однесување на човекот доведе до климатски прмени, до појава на ефект на стаклена градина, до глобално затоплување, до исчезнување на многу растителни и животински видови од лицето на Земјата.




одбележување на денови на екологија 21-28 март

поделба на флаери на населението во општината Гази Баба
 

Saturday, March 27, 2021

 За 2021/22 година донесена е нова програма за работа на Здружението, усвоен е извештајот за работата на Здруженињето за 2020 година и усвоена е Завршната сметка за 2020 година.

Поради пандемијата сето тоа беше направено, преку меил со изјаснување на сите членови на Здружението.




беа одбележани еколошки дати
1. ден на пролета- ден на екологијата
2. час на планетата земја




 


И оваа година во рамките на Проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ имавме предавања во ОУ Његош, Колонија Идризово на 04.03 2021, во Булачани на 03.03.2021 год и во ОУ Стив Наумов на 05.03.2021 година.

На учениците им се укажа на штетноста од употребата на пластични кеси за нашата животна средина.На учениците, наставниците, педагог, психолог, Директор на училиштата им се поделија платнени торби со цел за нивна понатамошна употреба и замена за пластичните кеси.

Проектот е подржан од Општината Гази Баба, а наш партнер МТМ телевизија ги следи сите наши активности.Остануваат уште училиштата Крсте Мисирков и 25 Мај и на тој начин со овој проект се опфатени сите 11 основни училишта во општината.




Saturday, January 9, 2021




                                            СРЕЌНА И ВЕСЕЛА НОВА 2021 ГОДИНА