Friday, June 26, 2020

На 22 и 23 јуни 2020 год. се одржа Обуката за дигитални и ИКТ алатки во рамки на EU TACSO 3 на која учествуваше и ЕКОЗВОН, - Слаѓана Стаменкова, преку платформата Zoom.
Обуката беше одлично организирана, и за учеството на истата ќе се доделат Сертификати.



Sunday, June 7, 2020




Основна цел на мрежата е да го координира и зајакне гласот на граѓанските организации кои се залагаат за партиципативност, отвореност и отчетност на властите.
ЕКОЗВОН е дел од оваа мрежа и ќе  се залагаме  за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите, како на локално, така и на централно ниво, и воедно ги применуваат тие принципи во своето работење.

Wednesday, June 3, 2020


Почитувани,

Сакам да Ве известам дека нашите предлози за Цели за одржлив развој бр.13- Климатски промени е земен во предвид кога е изготвен Доброволен Национален Преглед. Нашиот предлог беше повеке теми и лекции да се воведат за климатските промени во основното и средното образование, како и наставниците соодветно да бидат обучени за тоа.Исто така и повеќе практична настава на истите теми со посебен осврт на еколошкото образование.
Подолу е извадок од целиот текст каде се наведени сите организации кои учествуваа меѓу кои сме и ние.

Мислења на граѓанските организации
 Владата ја цени поддршката и соработката на граѓанските организации (ГО) во постигнувањето на Агендата 2030. Со цел поголема иклузивност во процесот на изготввање на Доброволниот Национален Преглед, Владата ги повика граѓанските организации од различни сектори да ги споделат своите мислења за најгорливите предизвици на земјата и што да се направи за нивно решавање. Во табелата подолу сумирани се мислењата на граѓанските организации врз основа на повратните коментари од следниве организации.
  Здружение за младински активизам и образование – Скопје (Y-PEER)
  Здружение на граѓани ЕКО ЛОГИК 
 Finance Think Институт за економски истражувања и политики – Скопје
  Асоцијација КОНЕКТ
  Здружение „Ајде, Македонија“ 
 Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД
  Бизнис конфедерација на Македонија
  Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум Скопје 
 Здружение на граѓани за заштита на животната средина ЕКОЗВОН Скопје
  Милиеуконтакт - Здружение за одржлив развој 
 Фондација Отворено општество  Центар за одржлив развој ЕЛИПСА-Куманово 
 НВО „BOTA IMME“
  Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ Скопје
  Македонско здружение на млади правници - МИЛА Скопје
  Граѓанска иницијатива Охрид СОС 
 Здружение за заштита на животните и животната средина - Еднаквост, достоинство, емпатија и натурализам 
 Институт за европска политика – Скопје 
 Новинари за човекови права
  Здружение за хумано-општествен развој „Проект Среќа“
  Здружение на граѓани „Асоцијација за младинско зајакнување“
  Рурална коалиција
  Асоцијација за истражување, комуникации и развој –Паблик 
 Македонска платформа против сиромаштија (МППС)  РГД „Геосфера“– Битола 
 ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување 
 Здружение за развој ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ 
 Здружение на граѓани Центар за одржливи иницијативи