Saturday, September 22, 2018


Денот без автомобили 22СЕПТЕМВРИ
 е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град.
Многу градови ширум Европа на овој ден ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември,22.09. како дел од кампањата Ден без автомобили (Car – Free Day).
По примерот на другите градови кои од 2000 година го организираат и практикуваат овој ден и Скопје а и ние како Здружение на граѓани за заштита на животната средина ЕКОЗВОН, Скопје ја подржуваме оваа акција каде целта е барем еден ден да биде поинаков од останатите, граѓаните да се потикнат да макар за еден ден ги остават своите автомобили и да размислат за користење на здрав транспорт како што е одење пеш, возење на велосипед или користење на јавниот превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

ЕКОЗВОН


Здружение на граѓани за заштита на животната средина ЕКОЗВОН  Скопје.

          ЕКОЗВОН сака да ја види Македонија,Скопје,Гази Баба како општество, град  и општина каде заштитата на животната средина , принципите на одржливост се на високо ниво на ниво на Европската Унија.
Мисијата на ЕКОЗВОН е да ја унапреди еколошката наука , наука за животна средина и биолошката разновидност и нивна заштита, како и подигање на еколошката свеста кај населението за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации.