Friday, May 31, 2019








Мотото под кое годинава се одбележува 31 мај е „Не дозволувајте цигарите да ви го одземат здивот“. Пушењето и натаму во пораст кај неразвиените земји
Под мотото „Не дозволувајте цигарите да ви го одземат здивот“ годинава се одбележува 31 мај, Светскиот ден против пушењето. Од Светската здравствена организација предупредуваат дека повеќе од 40 проценти од пушачите низ светот умираат поради проблеми поврзани со дишните патишта, меѓу кои и рак на белите дробови.
Според податоците на СЗО, употребата на цигарите на годишно ниво убива најмалку осум милиони луѓе. Во годишниот извештај на Агенцијата се вели дека 3.3 милиони лица, пак, ќе починат од болести поврзани со белите дробови. Во оваа бројка влегуваат и пасивните пушачи, во кои спаѓаат и повеќе од 60.000 деца помлади од пет години. Смртните случаи настануваат поради компликации на респираторниот систем што, пак, е последица од изложеноста на чадот од цигарите.

Tuesday, May 14, 2019


15 Мај- Меѓународен ден на зачувување
 на климата

 

     



ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА –ЕКОЗВОН, СКОПЈЕ


*    климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.
* На индивидуално ниво тоа би подразбирало редуцирано возење со автомобил, за сметка на поширока примена на велосипедот како превозно средство, рециклирање, намалена употреба на тешко разградливи пакувања, купување енергетски ефикасни производи, изолирање на нашите домови, развивање навики за заштеда на електрична и топлинска енергија, чување на зелените површини и други мерки кои ја намалуваат нашата лична стапка на CO2
* На поширок план, државите и владите потребно е да преземат сериозни мерки за лимитирање на емисиите на стакленички гасови преку намалување на употребата на фосилни горива и поширока примена на обновливи извори на енергија, регулирање на транспортот, мерки за елиминирање на загадувањето од индустриските капацитети, мерки за енергетска ефикасност на јавни и станбени објекти, контролирање на масовната урбанизација за сметка на намалување на зелените површини во големите градови, мерки за пошумување, управување со отпад / рециклирање .