Wednesday, April 22, 2020

Денес  е 22 април ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА.
Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
По овој повод Денот на планетата Земја вообичаено се организираат низа манифестација со кои би се мобилизирале милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.
Но сега се соочуваме со друг предизвик КОВИД- 19, и најпрвин треба да се избориме со него , но секако и да не ја заборавиме на Планетата Земја.
Се смета дека до 2025 година 60- 70 % од жителите ќе живеат во градовите, затоа треба да обрнеме посебно внимание на нив и на животната средина во нив и околу нив, т.е нашите градови треба да еволуираат.
Тие модерни решенија се примена на нова технологија преку концепт на паметни градови, кои би донеле квалитетен начин на живот за населението кое живее во тие градови како и здрава животна средина која сите ја посакуваме,
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
ЕКОЗВОНЦЕ, Скопје
070268889
ekozvonce@yahoo.com
www.ekozvonce.blogspot.com


No comments:

Post a Comment