Saturday, March 27, 2021

 


И оваа година во рамките на Проектот НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ имавме предавања во ОУ Његош, Колонија Идризово на 04.03 2021, во Булачани на 03.03.2021 год и во ОУ Стив Наумов на 05.03.2021 година.

На учениците им се укажа на штетноста од употребата на пластични кеси за нашата животна средина.На учениците, наставниците, педагог, психолог, Директор на училиштата им се поделија платнени торби со цел за нивна понатамошна употреба и замена за пластичните кеси.

Проектот е подржан од Општината Гази Баба, а наш партнер МТМ телевизија ги следи сите наши активности.Остануваат уште училиштата Крсте Мисирков и 25 Мај и на тој начин со овој проект се опфатени сите 11 основни училишта во општината.




No comments:

Post a Comment