Monday, September 21, 2020

 

АНКЕТА И АНАЛИЗА НА СЕГАШНАТА СОСТОЈБА,

 СОСТОЈБА СО УПОТРЕБА НА ПЛАТНЕНИ ТОРБИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

 

После спроведениот Проект НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во 2019 год. во три Основни училишта во Општината, и продолжување на Проектот во 2020 година извршивме Анкета на 100 испитаника на територија на Општината во близина на местата каде и се наоѓаат училиштата во кои беше реализиран Проектот- Хиподром и Триангла. Анкетата е направена на 17.04.2020 година

Резултатите се следниве:

  1. Од 100 испитаника 49% се изјасниле дека секогаш користат платнени торби при пазарењето , ги носат со себе, поекономични се попрактични и подолго траат.
  2. Од 100 испитаника 44% се изјасниле дека дека користат пластични кеси кои ги даваат маркетите/продавниците каде купуваат, а дури некои од испитаниците кажаа дека носат стари кеси при пазарењето.
  3. 7% од испитаниците беа со велосипеди и нивниот став беше дека сите имаат корпи на велосипедите за што и се уверивме при самата анкета, и рекоа дека во нив ги ставаат продуктите кои ги купуваат.На нашето прашање што прават кога купените продукти неможат да ги стават во корпите од велосипеди мислењата беа различни. Некои од нив рекоа дека бараат кеси од продавниците каде пазарат, а некои од нив рекоа дека носат платнени торби.

 

 


ЗАКЛУЧОК:

 

Иако за 5% е поголем бројот на испитаници кои користат платнени торби за пазарење сепак %( процентот)  не е доволно голем за да кажеме дека свеста на населението е доволно развиена за да ја знае штетноста од употребата на пластичните кеси.

Тоа ни дава за право да продолжиме и понатаму со едукација пред се кај најмладата возрасна група во Основните училишта кои понатаму ќе ја споделат позитивноста од употреба на платнени торби и исфрлање од употреба на пластични кеси.Преку овие едукативни работилници учениците позитивно ќе влијаат  кај своите родители, наставници, соученици, со што и бенефитот е постигнат, поголема употреба на платнени торби и исфрлање на пластични кеси кои и ја загадуваат животната средина.

No comments:

Post a Comment