Tuesday, July 7, 2020



Здружението ЗЕОООП, и Балканска Водена Мрежа – канцеларијата во Северна Македонија го започнаа проектот „Преку Архус и Мастрихт до Еколошка Транспарентна Информација – ПАМЕТИ!“ со цел да се едуцираат граѓанските организации, заедниците на станари и општинските работници за трите столба на Архуска конвенција.
Бев поканета на работилниците кои беа добро организирани, но треба поголема едукација на сите заинтересирани страни за Архуската Конвенција и се што таа предвидува.
Архуската конвенција се заснова на три столба:
1..Пристап до информации за животна средина
2. Учество на јавноста во процесот на донесување на одлуки за животната средина.
3. право на правна заштита.
Бевме како здружение поканети и јас присуствував на настанот.

No comments:

Post a Comment