На 22.10.2020 година започнавме со нашиот Проект НЕ ПЛАСТИЧНИ КЕСИ подржан од Општината Гази баба, Скопје, во ОУ„ Дане Крапчев„каде поради Квид 19 работевме со строго пропишани протоколи со ученици од 3-то одд.
Благодарност до Директорката и тимот на училиштето кои ни овозможија да непречено ја спроведеме едукацијата кај учениците, да продискутираме со нив, да поделиме платнени торби кои треба се повеќе да се употребуваат и конечно да ставиме крај на употребата на пластични кеси кои ја загадуваат нашата животна средина.
Проектот продолжува уште во две ОУ во Општината Гази Баба и тоа во ОУ во Трубарево и ОУ во Железара.
Сите три едукативни предавања и работилници се снимени и емитувани од МТМ телевизија
Тимот на ЕКОЗВОН, Скопје/2020